среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

„Егзит“ во август, со најмалку 20 бини и зона ширум тврдината

„Егзит“ во август, со најмалку 20 бини и зона ширум тврдината

Егзит годинава сепак ќе се одржи од 13. до 16 август, на 20 бини и зона ширум Петроварадинската тврдина, и тоа на површина од најмалку 90 отсто од вообичаениот капацитет, потврдија денеска организаторите.

Интересот за влезници, според соопштението, и натаму е голем.

„Посетителите од соседството, веќе е извесно дека ќе ги надминат по бројност сиве претходни години, а како што се отвораат земјите од Европската Унија, така расте интересот и во нам блиските Унгарија, Австрија, Германија, Чешка, Романија, Бугарија, Грција и други”, соопштуваат од „Егзит“ тимот.

Во продажба остануваат 25 отсто од билетите коишто се набавуваат преку овластени интернет-страници.

Покрај „Бината за електроника“, каде што темпото го диктираат домашните, но и странските ди-џеи, ќе има и „Бина без спиење“, „Латино бина“, „Бит бина“, „Икс-Баш пит“, „Урбан баг“, „Гварана Ас-ФМ“, „Гаја Експеримент транс стејџ“, како и „Реге стејџ“…

Како што и беше претходно најавено, фестивалот ќе се одржи во соработка со властите и со здравствен тим на Владата на Србија, со цел сите посетители, изведувачи и организатори да бидат максимално заштитени од опасноста од новиот коронавирус.

Обожавателите на Фестивалот кои набавија влезница пред прекинот на продажбата поради корона-пандемијата, ќе можат, ако сакаат, и да ја заменат за фестивалот наредната година или да си ги вратат парите.