вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Елтон Џон со нови датуми за големата проштална турнеја

Елтон Џон со нови датуми за големата проштална турнеја

Британската музичка ѕвезда Елтон Џон (74) избра нови 30 датуми следната година, кога ќе настапува во Европа и Северна Америка во рамки на големата проштална турнеја која беше прекината поради коронавирус пандемијата.

Пред сето ова тој ќе настапи во Акор Арената на 10, 12 и 13 октомври оваа година, а овие концерти се распродадени.

Продолжението на турнејата ќе започне во мај 2022 година во Франкфурт, а ќе заврши шест месеци подоцна во Лос Анџелес.

Прошталната турнеја „Farewell Yellow Brick Road“ Елтон ја започна во  2018 година, а се предвидуваат над 300 концерти ширум светот за три години. По европската и северноамериканската турнеја се предвидени четири концерти во Австралија и Нов Зеланд на почетокот од 2023 година.