Евровизија речиси и да не е во центарот на вниманието секоја година доколку не го поврзуваат скандали најгледаното шоу во Европа.
Овој пат се работи за плагијат на песната на хрватската изведувачка Франка Бателиќ чија песна именувана како „Crazy“ наиде на критики на само месец дена пред почетокот на музичкиот натпревар.
Романскиот музичар Гуез тврди дека хрватскиот евровизиски тим лаже.
-Не постои бесплатна инструментална верзија од оваа песна, а продуцентот на хрватската песна ја злоупотребил целата музика. Престанете да лажете за мене, Романија не краде песни од Хрватска. Ви праќам бакнежи и за*бете со Евровизија, напиша на својот Фејсбук профил музичарот од Романија.
Но и покрај ова хрватскиот тим вели дека песната не е плагијат, сепак сами одлучете: