петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Фановите на Адел бесни: Пејачката прави концерти само за богати, цената на билетите до 40.000 долари

Фановите на Адел бесни: Пејачката прави концерти само за богати, цената на билетите до 40.000 долари

Билетите за првиот настап на британската пејачка Адел во Лас Вегас се продаваат за повеќе од 40.000 долари на одредени веб-страници, додека билетите за другите концерти можат да се најдат по цена од 20.000 долари.

Во понеделникот пејачката објави нови датуми за серија концерти во Лас Вегас, откако претходно беше принудена да ги одложи своите настапи само 24 часа пред премиерата во јануари оваа година.

Заедно со 24-те одложени настапи, најавени се уште 8 нови, а истите ќе траат од 18-ти ноември 2022 година до 25-ти март 2023 година.

Според соопштението на „Ticketmaster“, компанија за продажба и дистрибуција на билети, сите постоечки билети важат за новиот датум. Понатаму, ќе бидат достапни помал број дополнителни билети за сите 32 изведби.

Сепак, пристапот до секоја претпродажба ќе биде ограничен, а предност ќе имаат фановите кои купиле билети за претходните настапи.

Набргу по ваквата информација, беше објавено и дека билетите за премиерата чинат помеѓу 600 и 41.000 долари на веб-страницата „Stubhub“.

Во понеделникот, „Bloomberg“ објави дека од 17:30 часот по њујоршко време, биле достапни две влезници од 41.280 долари за настапот на Адел на 18-ти ноември.

Според извештајот на публикацијата, билетите во најмалку 6 други ценовни категории се продавале за 20.000 долари или повеќе.

Две влезници за божиќното шоу биле продадени за повеќе од 23.000 долари на веб-страницата за препродажба, „Gametime“.

Во изјава за „Bloomberg“, извршниот директор на „Gametime“, Метју Радос, ги припишал високите цени за препродажба на одложените концерти и на фактот дека Адел „нема многу настапи во живо“.