сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Филип Пешевски си ја отвори душата: Ти ми стоиш најдобро

Филип Пешевски си ја отвори душата: Ти ми стоиш најдобро

Младиот и талентиран пејач Филип Пешевски конечно го објави видеоспотот за неговата најнова песна со наслов „Ти ми стоиш најдобро“.

Станува збор за песна која е работена долго време, а како автори на истата се потпишуваат: Елвир Мекиќ – текст, Лазар Цветковски – музика и Никола Автовски – аранжман.

Она по коe се разликува оваа песна на Филип од останатите негови колеги од естрадата, е тоа што во создавањето на музиката учествува ѝ „Баги Биг Бенд“ составен од дестина искусни музичари.

– Среќен сум што конечно е готов целиот овој производ. Верувале или не, на сето ова работев цела една година, бидејќи сакав да звучи и да изгледа се совршено. Воопшто не е мала работа да се изреализира сето ова, но со помош на моите пријатели успеав. Се надевам дека публиката ќе ужива во новата песна – вели младиот пејач, кој во иднина ветува уште многу песни и видеоспотови.

Погледнете го спотот: