Легендарниот басист на групата „Прљаво казалиште“ Дубравко Ворих утрово починал во болницата во Загреб.
Лекарите на 59 годишниот музичар минатата пролет му дијагностицирале карцином, но тој не сакал да си замине од групата, па продолжил да свири на турнејата во САД и на големиот концерт кој групата летово го имаше во Загреб.
Ворих со групата „Прљаво Казалиште“ свиреше повеќе десетици години.