петок, 8. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

ФОТО: Почина легендарниот македонски композитор

ФОТО: Почина легендарниот македонски композитор

Легендарниот македонски композитор и автор на филмска музика Љубомир Бранѓолица почина вчера на 90 годишна возраст.

Информацијата ја потврди Сојузот на композитори на Македонија.

Бранѓолица е роден на 19 август 1932 во Херцег Нови, а во 1946 се запишува во Военото музичко училиште во Загреб.

Своето средно музичко образование го завршува во Риека.

Од 1950 до 1954 година работи во Уметничкиот ансамбл на ЈНА во Белград. Во Македонија доаѓа во 1954 и работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје.

Од 1957 е корепетитор во Балетот при Македонскиот народен театар, а потоа добива статус на слободен уметник до 1966, кога се вработува во Македонската радиотелевизија како продуцент музички работник и уредник на Музичката програма на Македонската телевизија.

Во меѓувреме дејствува како пијанист и како балетски критичар.

Како автор на филмска музика, дебитира во 1964, со музиката за документарниот филм „Кеј 13 Ноември“, по што следува негово учество и во други документарни и играни филмови.

На 18 март 2006 ја доби и наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“, која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија.