Се работи за песната „Дафино“ на која Шафран работеа подолго време а видеото го снимија на екстремни локации во селата Ореше и Богомила.
Музиката е на Тони Стевковски и Кирил Трајковски, вокали се: Христина Пецовска, додека текстот е на Кирил Трајковски, а режијата на Исток Чаповски.
Директор на фотографија е Борис Ралев, а костимите ги изработи Ирена Боневска и шминката е на Андријана Станковска.
Главната улога ја толкува Росица Кулакова, но за што станува збор останува да видиме на денот на премиерата најавена некаде средината на Март.
Целата видео продукција е под закрила на Зона М1 и Маријан Тасевски.