Претставничката на Шпанија на „Евровизија“, огнената Шанел (30) во финалето настапи под реден број 10.
Нејзината песна „SloMo“ важи за една од фаворитите на овогодинешното натпреварување, а нејзината изведба ги остави сите без текст.
Шанел за оваа прилика подготви многу специфична кореографија, а нејзиното пеење на „Евровизија“ беше на висина на задачата.
На сцената за време на нејзиниот настап се случи толку многу што беше тешко да се сфатат сите детали, а целата арена танцуваше и пееше со неа за време на настапот.
Инаку, ова е нејзина прва песна. Таа има кубанско и шпанско потекло. Од 16-годишна возраст настапува во театарски мјузикли.