четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Галоски со настап на шоуто на ТИЕСТО во Скопје

Галоски со настап на шоуто на ТИЕСТО во Скопје

Веста дека најголемата диџејска ѕвезда на електронска музика на сите времиња Тиесто доаѓа во Скопје се рашири екстремно брзо.

На светската музичка сцена TIESTO важи за многу повеќе од диџеј и продуцент, статус што го заслужи уривајќи ги сите рекорди за секое негово издание. TIESTO е единствениот артист кој гордо и заслужено во последниве неколку години ги носи титулите „The greatest DJ of all time“ според магазинот Mixmag, „No. 1 DJ“ според магазинот Rolling Stone и „The Godfather of EDM“ според Billboard.

На турнеите и настапи ширум светот TIESTO и неговиот тим претпазливо го избираат артистот кој официјално ќе настапи пред него и ќе биде нагласен како официјална домашна поддршка. Овојпат тоа не беше проблем за еден од нашите најуспешни диџеи GALOSKI кој на 69-то место на 101 најдобри продуценти во светот, одликуван од елитната “1001 tracklist”, а Tomorrowland го прогласи за future star artist.  https://top101producers.com/2021

GALOSKI, ќе настапи со специјален сет пред шоуто на најголемата ѕвезда на електронската музика на сите времиња – TIËSTO!

Galoski во последниве неколку години издаде одлични траки кои добија огромна поддршка од големи имиња од електронската музичка сцена, а лани основаше и своја издавачка куќа “Unlimited Fuego”, чии изданија се поддржани токму од Tiësto, но и од Afrojack, Martin Garrix, David Guetta, Steve Aoki, Diplo, Alesso и др.

Инаку, интересот за шоуто на TIËSTO во Скопје е навистина огромен во целиот регион, а билетите сѐ уште се достапни за купување на продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија, онлајн на avalon.mk, како и на регионалните продажни места и онлајн на tickets.rsgigstix.com и eventim.bg.

Побрзајте и бидете дел од најголемото шоу ова лето во Скопје