Даблин беше местото каде вчеравечер и официјално започна турнејата на еден од најпопуларните британски женски бендови Spice Girls, но се чини обожавателите се разочараа.
По само неколку песни, Твитер беше преполн со коментари за лошиот звук на стадионот и за лошото пеење на девојките, иако турнејата долго време се најавуваше и уште подолго време се спремаше.
На социјалната мрежа беа објавени и бројни видеа на кои можеше да се види како голем дел од публиката го напушта стадионот поради тоа што ништо не можело да се слушне, иако платиле повеќе од 150 долари за картите.
На сцената четирите девојки од бендот, без Викторија Бекам која не е дел од оваа турнеја, изведоа некои од нивните најголеми хитови, но сепак, поради проблемите со звукот, многу од истите не можеле да се слушнат.