понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Музика

„Кафана“ – нова песна со хорор спот на Дубиоза колектив (ВИДЕО)

„Кафана“ – нова песна со хорор спот на Дубиоза колектив  (ВИДЕО)

Босанскиот бенд „Дубиоза колектив“ објави спот за песната „Кафана“. Ова е првиот сингл од претстојниот албум, кој се очекува да излезе на почетокот на следната година.

-Песната „Кафана“ настана за време на најстрогиот локдаун, кога поради објективни околности не можевме да седнеме на шанковите во нашите омилени угостителски објекти. Болката и фрустрацијата предизвикана од овој недостаток ја претворивме во емоционална моќ – фолк балада, која испраќа силна порака за тоа колку кафаната, како основна алка на човечкото општество, ни недостасуваше за време на пандемијата, велат членовите на бендот.