недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Ќе роните солзи кога ќе слушнете како пее: Слеп и аутистичен пејач победи на американскиот ,,Суперталент” (ВИДЕО)

Ќе роните солзи кога ќе слушнете како пее: Слеп и аутистичен пејач победи на американскиот ,,Суперталент” (ВИДЕО)

Младиот музичар Коди Ли , кој е слеп и има аутизам , победи на американското шоу „Америка има талент“, а неговито емотивен настап расплака милиони гледачи.

Коди Ли на пијано ја изведе „You Are the Reason“ со пејачката номинирана за Греми, Леона Луис. Вештото свирење на пијано на Ли и силниот вокал ги воодушеви публиката и судиите, вклучително и дури и остриот Симон Кауел.

За време на изведбата на дуото, публиката се занесе, а нивната изведба ги разбуди емоциите и кај бројните корисници на социјалните мрежи откако снимката беше објавена на Интернет.

Младиот пејач го привлече вниманието уште од мајскиот настап ,кога ги крена на нозе сите членови на жирито и доби златно копче, кое му го обезбеди финалето.