„Контрол фрик“ се вика бендот на кантавторката Наташа Крстевска- Мијата со кој ќе настапи на фестивалот „Контролерс мјузик фестивал“, специјализиран за настап на контролори на летање од целиот свет.
Настанот ќе се одржи во понеделник во Саленто, Италија. Мијата, која 17 години работи контролор на летање, со својот бенд ќе го отвори фестивалот со 40 минутен настап.
„ Јас сум контролор на летање вљубен во музиката и се воодушевив кога видов дека не сум сама на светот. Во два дена на овој open- air фестивал ќе настапат 13 бендови од разни земји. Секој бенд има најмалку еден контролор на летање со активна дозвола, а јас им благодарам на моите колеги од Македонија кои ме избраа за свој претставник. Голема чест ми е што нашиот Контрол фрикс ќе го отвори овој историски фестивал со надеж дека ќе прерасне во традиција и здравје можеби и Македонија ќе биде земја домаќин. Се надевам на убава контрола на летање на сцена“ – ни изјави Мијата.
Мијата е веќе долго време на македонската музичка сцена и иако пред три години го издаде своето првенче најавува втор албум и други интересни перформанси со нејзин потпис во скоро време.