сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Крал во талентот, слуга само во песната: Мартинијан го објави спотот за хитот од Макфест (ВИДЕО)

Крал во талентот, слуга само во песната: Мартинијан го објави спотот за хитот од Макфест (ВИДЕО)

Мартинијан Кириловски го објави видео записот за својата најнова песна „Крал и слуга“.

Прекрасната мелодија ја слушнавме на овогодинешниот Макфест, а сега можеме да уживаме и во видеото.

Музиката и аранжманот се дело на Иле Спасев, а зад текстот се потпишува славниот Тајзи.

Спотот е објавен на каналот на ГРАНД продукција, откако Мартинијан има потпишано договор со нив по големиот успех кој го постигна на нивниот музички натпревар.

УЖИВАЈТЕ!