недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Кралот Чарлс ќе ја отвори Евровизија

Кралот Чарлс ќе ја отвори Евровизија

Музичкото натпреварување „Евровизија“ официјално ќе започне на 9 мај во Ливерпул, а ќе го отвори никој друг туку кралот Чарлс.

Имено, Бакингемската палата објави дека кралот на Велика Британија прв официјално ќе ги запали светлата на евровизиската сцена.

Како што пренесува Би-Би-Си, кралот Чарлс и неговата сопруга Камила во среда ќе пристигнат во M&S Bank Arena, каде ќе се сретнат со презентерите на Евровизија – Хал Санин, Хана Вадингем, Скот Милс и Рајлан Кларк.

Кралот таму ќе го пречека претставничката на Обединетото Кралство, Меј Милер.