сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Лејди Гага ќе го именува новиот албум по нејзината колешка

Лејди Гага ќе го именува новиот албум по нејзината колешка

Лејди Гага на Твитер им соопшти на своите обожаватели дека сака новиот албум да го крсти „Адел“, како што гласи името на нејзината, исто така, позната колешка од светската музичка сцена.

-Ќе си го именувам следниот албум „Адел“, напиша таа во објавата.

Следачите беа изненадени од оваа вест и многумина прашаа: „Ова шега ли е или не?“, „Сериозна ли си?”…

Потоа, како што вообичаено бидува, следеа и зајадливи досетки на сметка на Твитер-објавата.