понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Лорин и Џони Логан се единствените кои двапати победиле на Евровизија

Лорин и Џони Логан се единствените кои двапати победиле на Евровизија

Шведската евровизиска претставничка Лорин ја однесе победата на 67-то издание на манифестацијата со песната ,,Tattoo”. Таа е позната во јавноста и како победничка на Евросонг во 2012 година, кога настапи со песната ,,Еуфорија”.

Покрај Лорин, единствено музичарот Џони Логан од Ирска има двапати победено на Евровизија. Првиот пат во 1980 година со песната ,,What’s another year” и потоа во 1987 година со големиот хит ,,Hold me now” кој и денес се врти во етерот.

Уште беше промовирана евровизиската песна на Лорин, таа стана фаворит во обложувалниците и победата на Евровизија 2023 не беше големо изненадување.

Инаку, пејачката освен што се занимава со музика, во својата земја е позната и како продуцент и режисер на реални шоу програми.