Скромното момче од Кичево кое пред повеќе од 10 години ја почна својата музичка кариера јако гази напред, но апсолутно ништо не е променето во однос на неговото однесување, тој и понатаму е истиот – ненаметлив, коректен и исклучително културен.
Неодамна тој ја објави неговата нова песна под наслов „После полноќ“, па токму тоа беше и причината да биде гостин во естрадниот магазин „Бекстејџ“
Освен за новата песна, Лозано зборуваше за најчудната понуда која ја добил за настап, па додаде:
„Добивам понуди да пеам на погреби, свадби разводи…во такви моменти јас и мојот тим не знаеме како да реагираме. Но, мора да се навикнеме.“ – рече Лозано
Целото интервју погледнете го во продолжение: