четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Мадона најави светска турнеја, ги кани обожавателите на прослава за 40 годишната кариера

Мадона најави светска турнеја, ги кани обожавателите на прослава за 40 годишната кариера

Мадона ги поканува обожавателите на нејзината музика на светската прослава на четиридецениската работа – големата светска турнеја „The Celebration“. Кралицата на попот ќе ги посети своите обожаватели во 35 градови низ светот и ќе ги однесе на уметничко патување низ изминатите четири децении, а воедно ќе му оддаде почит на градот Њујорк каде што започна музичката кариера.

Светската турнеја почнува во Северна Америка на 15 јули во Роџерс арената во Ванкувер.

После тоа, 64-годишната пејачка пристигнува во Детроит, па Чикаго, па Њујорк, Мајами, Лос Анџелес и уште неколку градови пред шоуто да се пресели во Европа.

Во текот на есента Мадона ќе настапи во 11 градови на Стариот континент, меѓу кои Лондон, Барселона, Париз и Стокхолм. Серијата концерти ќе заврши во Амстердам во петок, 1 декември 2023 година.

-Возбудена сум што ќе истражувам што е можно повеќе песни со надеж дека ќе им го дадам на моите обожаватели шоуто што го чекаат, рече Мадона во изјавата објавена на страницата.

Најавата за турнејата беше донекаде очекувана бидејќи пејачката неодамна го „исчисти“ својот профил на Инстаграм, односно ги избриша сите објави, што беше протолкувано како претходник на некоја голема вест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)