среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Македонец со маестрална изведба на големиот хит од Владо Георгиев (ВИДЕО)

Македонец со маестрална изведба на големиот хит од Владо Георгиев (ВИДЕО)

Македонскиот пејач Виктор Постолов ја изненади јавноста со летен музички проект и преработка на големиот хит „Шта би пријатељи моји“ од Владо Георгиев.

Зад успешната реализација на овој проект, кој е само најава за серија нови проекти, стојат Виктор Постолов (вокал), Маријан Стоименов – Ѕика (аудио) и Алек Тасевски (видео продукција), а во видеото се појавуваат и Ѓорги Петрушевски (гитара), Јордан Петрушевски (конги) и Леа Ристиќ (модел во видеото).

Постолов е член на музичкиот состав „Театро Бенд“ со кои настапува ширум нашата земја, а за наредниот период планира да објави уште неколку нови проекти.