Македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев настапува вечерва во рамките на првата полуфинална вечер.
Преносот на МРТВ стартува во 21 часот, а нашиот претставник кој е на дното на сите обложувалници ќе се претстави со песната „Here I stand“.
Настапуваме шести во првата полуфинална вечер, а финалето е во сабота.
Годинава Евровизија во Ротердам, Холандија се одржува под посебни мерки поради коронавирусот.