недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

„Медиумите му ја убија мајката, а сега му ја распнуваат жената“, славниот актер со поддршка за принцот Хари

„Медиумите му ја убија мајката, а сега му ја распнуваат жената“, славниот актер со поддршка за принцот Хари

Хју Грант во последното интервју ја поддржа одлуката на принцот Хари за повлекување од должноста од британското кралско семејство.

-Јас сум на страната на Хари. Таблоидите ја убија мајка му, а сега му ја распнуваат жената. Мислам дека негова должност како маж е да си го заштити семејството, така што го поддржувам, рече 59-годишниот глумец во интервјуто за Сириус ХМ.

Тој ја потсети јавноста на околностите за смртта на принцезата Дајана, која загина во сообраќајна несреќа додека бегаше од папараците.

Хју Грант е активист кој се бори против мешање на медиумите во приватните животи на ѕвездите, но и на обичните луѓе. Од друга страна и принцот Хари неколкупати зборуваше за нападните медиуми, кои делумно се одговорни за смртта на неговата мајка.

-Секогаш кога ќе видам камера, секогаш кога ќе слушнам „клик“, секогаш кога ќе видам блесок, во истата секунда тоа ме враќа назад, рекол принцот.