среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Младите македонски пејачки покажаа со што располагаат, тетоважи, бујни гради, танги (ФОТО)

Младите македонски пејачки покажаа со што располагаат, тетоважи, бујни гради, танги (ФОТО)

Летото е иделно за одмор за сите, ама и за добар маркетинг на познатите, особено јавните личности од естрадата. Бидејќи музиката денес колку што се слуша, толку и се гледа, летото е навистина згодно доба кое нуди безброј прилики естрадата да покаже што има…

Се разбира, поексплицитно од вообичаеното, зашто плажата, сонцето, морето или езерото, па и базенот нудат можност што вообичаено сцената не ја нуди, освен ако не си Мадона, Мајли Сајрус, Иги Азелеа… или некоја од тие таквите…

А ние сме во се’, па и во провокацијата далеку од нив, па затоа жештините и социјалните мрежи се идеално место за промоции на сопствените пропорции!

Дел од познатите Македонки од нивните избрани летни дестинации за одмор веќе ги видовме  на Вистина.мк во колекцијата од секси фотографии на ѕвездите. Како договорени се одлучија да носат жешки костими за капење со ултра длабоки деколета. Од Елена Ристеска, Елена Стефановска, Лила Филиповска, Миа Костова, Мелита Ракиќевиќ…

Арно ама, како и во се’ останато,  Македонија има подмладок за машала и кога е естрадата во прашање. Ако ги прочешлате социјалните мрежи ќе налетате на исто толку жешки, а кај некои и повеќе од тоа фотографии, колку што имаат и оние, условно речено „постарите“, поискусните и поетаблираните од нив. Очигледно е дека и помладите имаат што да покажат кога се во прашање телесните атрибути во летно издание, па затоа ние и ним им обрнавме внимание.

Младата македонска естрадна гарда гради… кариера! А она што се гради, се гради за покажување. Зошто инаку воопшто и би пееле? Само што овој пат не ги демонстрираат своите вокални, туку телесни квалитети!

Од Мартија Станојковиќ, Антонија Гиговска, Ања Ветерова, преку Елена Миленковска, Теа Трајковска, Тамара Ангеловска, до Марија Груевска и Девана Нардели… Сите се млади, убави, згодни, секси…нели?

Секоја со своја фотографии во сопствениот филм и сопствена поза, помалку или повеќе секоја од нив со тело разголено, онолку колку што е дозволено, ги истакнуваат своите телесни адути.

На вас останува е да ја изберете Вашата омилена млада македонска пејачка… Според гласот или стасот што го поседува!

Мартија Станојковиќ

Антонија Гиговска

Ања Ветерова

Елена Миленковска

Теа Трајковска

Тамара Ангеловска

Марија Груевска

Девана Нардели

vistina.mk