Од денеска до 3 јули во Дојран се одржува 12. издание на Д Фестивал на кој ќе настапат повеќе од 150 музички изведувачи и уметници
Програмата ќе се одвива на 15 различни бини и зони на Фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-Камп за фестивалските посетители. Првите посетители на Д Фестивал вчера пристигнале во Дојран и ги поставиле своите шатори во Д Кампот, кој по две години ја отвори својата капија ден пред официјалниот почеток на фестивалската програма.
Официјално почна музичката програма во чии рамки ќе настапат повеќе од 50 музички артистикои пристигнуваат во Дојран од целиот свет, а секако најмногу од државава.
Програмата на фестивалот денеска ќе ја предводат изведувачите чии настапи се закажани на Главната бина, односно Крудер и Дорфмаистер, Џулијан Марли, Кошин, Рундек и Екипа зад аголот.
Утревечер ќе настапат Анфиса Летјаго, Јура Стублиќ и група Филм, Буч Кесиди, Култур шок и Чиста околина, додека пак во финалната вечер пристигнуваат ЗУ, Констракта и Земља грува, Хладно пиво и Марки Рамон…