Конечно, после речиси три години, групата „Некст Тајм“ на 13 април (среда) ќе го објави својот најнов проект на кој работеа долго време.
Станува збор за уште една преработка, односно песната „Кога падна на Пирина“ – посветена на славниот револуционер Јане Сандански.
Промоцијата на новиот музчки проект ќе се одржи во среда, во кино „Миленум“ во Градскиот трговски центар со почеток во 20 часот.
На промоцијата ќе присуствуваат голем број на нивни колеги, пријатели, соработници и се разбира, нивните најголеми обожаватели.