Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска, денеска го промовираше своето ново музичко парче, насловено „Атлантида“.
И овојпат музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветковски, а за текстот е заслужен раперот Тајзи.
– Драги мои, Атлантида – изгубениот град под вода, беше одлична метафора да се пее за она кое што сите го доживуваме во одреден период од животот. Дали некогаш сте биле во ситуација да се трудите многу околу некоја личност, но на крајот да се изгубите себеси? Или да сакате некоја личност која на крајот не возвратила на вашата љубов, па сте продолжиле понатаму многу посилни? Не дозволувајте да потонете, порачува Гиговска.
Антониа е неодлива во спотот за „Атлантида“, кој е под режиска палка на Томислав Живковиќ. Во видео спотот ќе уживате во кадрите снимени во Грција, Скопје и Галичник.