Евровизискиот победник, италијанската група „Манескин“ повторно е во центарот на вниманието откако се обвинети дека нивната песна „Zitti e buoni“ е плагијат.
Џорис Лиснс, член на групата „The Vendettas“ обвинува дека делови од италијанската песна потсетуваат на нивниот хит „You want it, you’ve got it“.
Оваа музичка група, прецизира РТЛ, сепак нема да превземе никакви правни мерки против Италијанците.
-Оваа младина не беше родена кога ние имавме наш рок бенд, призна пејачот, но додава дека не е целосно сигурен дека се „ограбени“
Дали Демиано и останатите членови од групата победија на Евровизија со плагијат проценете сами.
Песната „You want it, you’ve got it“
Песната “Zitti e Buoni”