четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Новиот албум на Кендрик Ламар излегува во мај

Новиот албум на Кендрик Ламар излегува во мај

Познатиот рапер од Калифорнија, Кендрик Ламар вчера го најави објавувањето на неговиот нов, петти студиски албум. Новото остварување е наречено „Mr. Morale & The Big Steppers“ излегува на 13 мај.

По неговиот последен студиски албум „Damn“ за којшто ја доби Пулицеровата награда за музика, американскиот рапер работеше и на музиката за филмот на „Марвел“ – „Црниот пантер“. Компилацијата е изведена и на Фестивалот во Коачела, а освои 14 „Греми“ награди, како и номинација за „Оскар“.

„Детето од Комптон (инаку сиромашно предградие на Лос Анџелес)“ – Кендрик Ламар се смета за еден од најдобрите рапери на сите времиња поради неговите стихови кои се занимаваат со расизмот, насилството и социјалната неправда. Веќе е објавено и дека раперот ќе настапи и на следниот Фестивал на Гластонбери.