петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Музика

Ново име на македонската естрада: Чеде Спасиќ ја објави авторската песна „Последна и прва“ (ВИДЕО)

Ново име на македонската естрада: Чеде Спасиќ ја објави авторската песна „Последна и прва“ (ВИДЕО)

На македонското естрадно небо секогаш има место за квалитетни и талентирани пејачи, а еден таков е и младиот кавадарчанец Чеде Спасиќ, кој вчеравечер најпрво на социјалните мрежи ја промовираше својата прва авторска песна…

Станува збор за нумерата со наслов „Прва и последна “, која е дело на добро познатиот авторски тандем Борче Нечовски и Дејан Момороски, однонсно снимена е во студиото „Xl studio Momiroski“.

Во песната свој белег има оставено и гитаристот Дамјан Пејчиновски, додека придружниот вокал го пее Сара Пројковска.

Чеде е добро познат на публиката каде настапува, а за тоа говорат и неговите настапи на кои секогаш се бара место повеќе…

Тој вели дека едвај чекал да дојде денот да ја промовира песната и да покаже што сработиле заедно со неговата екипа овие неколку месеци наназад…

„Долго време бев во потрага по добра песна и мислам дека конечно го најдов тоа, впрочем публиката треба да го каже тоа, но јас верувам многу во овој проект. Презадоволен сум од тоа како течеше соработката со Борче и Дејан, а исто така и од тоа како излезе видеоспотот. Коментарите веќе пристигнуваат на моја адреса и сите, ама буквално сите се позитивни – вели младиот пејач Спасиќ.

Инаку како што кажа и Чеде, тој за оваа негова прва авторска песна сними и прекрасен видеоспот во режија на Николај Скерлев и тоа во соседна Бугарија, односно на плажите на Сончев Брег.

Младиот пејач вели дека ова е само почеток, дека публиката наскоро ќе има прилика да ја слушне и втората песна, која исто така ја работи со истиот тим.

Уживајте во „Прва и последна“…