Концертот на Каролина со Македонска Филхармонија од петок 15.02. е презакажан за недела 17.02, информираа од „Авалон продукција“.
-Почитувани, ве информираме, поради вчерашната трагедија и прогласените два дена на жалост, првиот од двата овонеделни концерти наместо во петок на 15.02. ќе се одржи во недела 17.02. Вториот концерт останува во сабота, на 16.02, Ви благодариме на разбирањето, велат од Авалон Продукција.