Доделувањето на Греми наградите оваа година ќе биде одложено, но не е закажан нов датум за одржување на свечената церемонија.
-По внимателно разгледување и консултирање со градските и државни претставници, Академијата за снимање и Си-Би-Ес одлучија да го одложат годишеното доделување на наградите, се вели во соопштението објавено на официјалната страна на Греми.
Се наведува дека здравјето и сигурноста на сите вработени е апсолутен приоритет, а со оглед на појавата на омикрон мутацијата, доделувањето на наградите е ризично.
Истото требаше да се одржи на 31 јануари.