понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Откажан концертот на Енрике Иглесијас во Загреб, организаторот избегал со милион евра

Откажан концертот на Енрике Иглесијас во Загреб, организаторот избегал со милион евра

Планетарно популарниот музичар Енрике Иглесијас требаше да одржи концерт во Загреб на почетокот на декември, меѓутоа како што пишуваат странските медиуми, концертот е откажан поради измама на организаторот.

Хрватските медиуми го контактирале здружението за продажба на билети, па добиле официјална изјава дека договорот не бил исполнет од страна на организаторот.

Преку соопштение тие истакнааа дека бугарскиот промотор ArtBG не го испочитувал договореното и дека продавал влезници, промовирајќи ги концертите без да да му платат на Иглесијас. Од продукциската куќа „Евентим“ која ги продавала картите велат дека наскоро ќе излезат со нови подетални информации за концертите.

Концертот е откажан поради неисполнување на договорените обврски од страна на организаторот. Покрај концертот во Загреб откажани се концертите на Енрике во Минск и Рига, исто така во организација на истиот организатор. Организаторот е од Бугарија, стои во официјалното соопштение за медиумите.

„За жал, по внимателно разгледување на сите можни алтернативи, бевме принудени да ги откажеме претстојните настапи во Загреб, Рига и Минск. АртБГ, продуцентот и организатор на настанот, не успеа да ги исполни договорните обврски со салите и сите елементи за овие три настани, безбедноста на нашите фанови и персоналот е приоритет, а не можеме да ја гарантираме, освен ако промоторот не ги исполни своите обврски“, се вели во соопштението.