недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Ова се најбизарните стихови испеани на сцената на Евровизија (ВИДЕО)

Ова се најбизарните стихови испеани на сцената на Евровизија (ВИДЕО)

Песната In corpore sano на Констракта привлече големо внимание поради текстот во кој се споменува и Меган Маркл, но ова не е ни блиску до најбизарните стихови испеани на сцената на Евровизија.

Иако на крајот на краиштата изгледа смешно, Евровизија е создадена за да „стимулира производство на висококвалитетни песни од областа на популарната музика“. Ова не би можело да се каже кога се слушаат некои од песните испеани на сцената на тој натпревар, од кои некои се дури и победнички.

Ви ја пренесуваме листата на најлудите стихови испеани пред милионската публика низ Европа и светот, бидејќи како што веројатно веќе знаете, тие се луди по ова натпреварување во Австралија.

Австрија – Woki mit deim Popo “Trackshittaz” (полуфинале 2012)

„Твојот газ има чувства, газот е дел од тебе, не го ставај на столови, твојот газ има свое мислење“.

Црна Гора – Рамбо Амадеус „Евро Неуро“ (полуфинале 2012)

„Имам само едно правило, секогаш биди кул во базенот“.

Холандија, Teach-IN „Ding-a-Dong“ (победничка песна од 1975 година)

„И ти одиш со твојот динг-данг-донг“.

Германија – Лена „Сателит“ (победничка песна 2010)

„Ти ги боев дури и ноктите на нозете, тоа го направив пред некој ден, купив нова сина долна облека, ја облеков пред некој ден“.

Финска – Лорди „Хард рок Халелуја“ (победничка песна 2007)

„Тоа е апокалипса, на денот на рокање“.

Латвија – Мари Н „I Wanna“ (победничка песна 2002 година)

„Се потам поради тебе“.

Белорусија – Тео „Чизкејк“ (2014)

„Но, јас не сум Патрик Свејзи, а ти не си Џенифер Греј“.