Пајак и Теодора Џехверовиќ имаат летна авантура, но не љубовна, туку музичка.
Токму „Летна авантура“ е насловот на нивната нова песна за која извадија и спот кој е егзотичен и модерен.
Христијан Настески или попознат по уметничкото име Пајак се потпишува како автор на музиката и текстот, додека аранжанот и миксот го работеше Иван Јованов.
Станува збор за летна песна со весел и лесен ритам за уво,а препознатлив за музичкиот израз на Пајак.
Она што денешните млади го сакаат, Пајак знае да го направи, а веќе и српските ѕвезди „намирисаа“ каде се хитовите, па тргнаа во реализација на дело.
Претходните соработки на Пајак со Лара Иванова и Антониа Гиговска достигнаа милионски прегледи на Јутјуб, а најновата со Џехва веќе брои над 870 илјади.
Еве како звучат и изгледаат Пајак и Џехва во овој македонско-српски спој на „Летна авантура“: