среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Париз виа Скопје, тоа е тој – Star Boy, а неговото време доаѓа на ред… овој пат со – „Мad“ (ВИДЕО)

Париз виа Скопје, тоа е тој – Star Boy, а неговото време доаѓа на ред… овој пат со – „Мad“ (ВИДЕО)

Ванчо, Македонецот кого под неговото уметничко име „Star Boy“, домашната јавност веќе го откри, а сега и полека го запознава и како артист, а и неговата работа како автор, изведувач и сопственик на нов моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“.

„Star Boy“ живее на реалција Париз-Скопје-Берово, а престојот во Македонија го искористи да ја обзнани својата музика, да ги презентира своите први три теми и промовира во јавноста задно со видеоспотовите за нив. Идејата му е да направи интернационална кариера паралелно работејќи на домашната, регионалната и европската музичката сцена, па токму затоа тој снима на неколку јазици, меѓу кои и на македонски. Во последните 3 години од својата професионална кариера Star Boy има снимено видеа од неколку европски градови како што се Париз, Амстердам, Брисел и Лондон кои можат да се погледнат на неговиот официјален Јутјуб канал „Royalty Records“.

Концептот: три песни со три видеа до Нова Година, „Star Boy“ успешно го турка, па така по првата тема „Cash game“ која ја промовираше во етерот точно на 23 ноември 2020, еве ја втората, овој пат насловена „Мad“.

Самиот тој е комплетен автор на музиката и стиховите, битот е на TaipOnTheBeat, додека миксот мастерингот се изработени од LilPetr Directed. И темата „Мad“ како што е најавено е исто така проследена со видеоспот, кој го потпишува Владислав Гавриловски, а истиот е сниман на неколку локации во македонската престолнина – Скопје.

Фотографијата ја изработил на Венко Паркуера, а во новото видео на „Star Boy“ овој пат главната женска ролја ја има едно познато македонско лице од естрадно-модниот свет, македонската манекенка, мисица и модел, Кристина Димитри(евска).

„Зборувам вистина па затоа ме мразат, почнав од нула, види ме сега газам“… е еден од суштинските стихови во песната која сериозно ја стресе македонската музичка сцена во жанрот на кој му припаѓа „Star Boy“.

Проектот три траки – три видеа до Нова Година комплетно ќе биде реализиран наскоро, како прва фаза од песните кои треба да се најдат и на неговиот дебитантски албум кој ќе содржи 8 теми. Наскоро менаџмент тимот и продукцијата на „Star Boy“ планираат и голема медиумска онлајн промоција со претставување на самиот артист, неговите досегашни песни и видеа, плановите за албумот и целиот концепт околу одвивањето на неговата музичка кариера, како и презентирање на неговата модна линија во Македонија, на новиот моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“.

StarBoy можете да го следите и на неговите профили на социјалните мрежи:@instagram: https://www.instagram.com/starboyoffi… StarBoy @facebook: https://www.facebook.com/StarBoy23Off

Во меѓувреме премиерно погледнете го видеото за втората тема, „Мad“.