Познатата пејачка Бојана Скендеровски очигледно има сериозни намери кога е во прашање е нејзиниот „камбек“ на македонската естрада. Пред неколку месеци таа ја објави песната „Зад завесите“, а во петокот таа го промовираше својот најнов проект.
Станува збор за нова песна со наслов „Среќа и несреќа“ која ја работеше со српскиот композитор Саша Милошевиќ – Маре, а исто така таа доби и српска верзија.
За новата песна Бојана сними и видеоспот под режисерската палка на Били Д, а истиот се снимаше на неколку локации.
Погледнете: