вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Пејачот Даниел Коцалев има нова песна: Спотот за „Без тебе“ снимен на повеќе локации во Македонија, но и Австралија (ВИДЕО)

Пејачот Даниел Коцалев има нова песна: Спотот за „Без тебе“ снимен на повеќе локации во Македонија, но и Австралија (ВИДЕО)

Македонскиот пејач Даниел Коцалев има нова песна и спот.

Станува збор за песната насловена „Без тебе“ чија музика и аранжман се на Златко Миладиновски, додека текстот е на Анита Даева.

Видео спотот како што ни вели самиот Даниел е на „Ин продукција“ додека сценариото и режијата е на Ване Петкоски.

Спотот е снимен на неколку локации во Македонија, но и дел во Австралија, а во него има повеќе од 30 статисти.

Пејачот вели дека песната е одлично прифатена досега и на Јутјуб се слуша се повеќе од ден на ден, а во продолжение уживајте и вие во новата песна на Коцалев: