среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме” утре ќе изведат во Тетово

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме” утре ќе изведат во Тетово

Музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ чии 12 македонски родољубиви песни во ново руво се изведуваат низ голем број градови утре, четврток доаѓа во Тетово, информираат организаторите. Концертот е закажан со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад.

-„Македонијо во срце те носиме” е проект со потписот на Скендеровски продукција, а сите 12 родољубиви песни во ново руво ги спакува маестро Николче Мицевски. Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство, информираат од организацијата.

На репертоарот и во градот под Шара ќе се најдат сите 12 песни од проектот.

-„Заветна”, „Налеј, налеј”, „Народе македонски”, „Едно име имаме”, „Земјо македонска”, „Ој, Вардаре”, „Оган да го гори”, „Послушајте патриоти”, „Ми заплакало село Ваташа”… и овој пат ќе бидат отпеани од златните грла на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски, информираат од организацијата на настанот.

Досега карванот помина во Штип, Битола, Велес, Прилеп и Кочани, а по Тетово остануваат Кавадарци и Скопје.