Мишо Ковач, по подолго време, повторно е снимен во јавноста. А, како што пишува „Слободна Далмација“, 80-годишниот пејач на терасата од семејната куќа во Строжанац на хрватското јадранско крајбржје, се чини, снимал видеоспот.
„Штом мојата душа оди меѓу ѕвездите, чувај го моето писмо, пиј за мене…“, се слушнал гласот на Мишо на музичката матрица.
Тој бил во друштво на неговата сопруга Лидија.
Инаку, тој неодамна добил внука од својата ќерка Ивана, па тоа со задоволство го коментира за хрватските медиуми. (МИА)