Пол Макартни изнесе бомбастично тврдење, дека починатиот Џон Ленон е виновен за распадот на Битлси.
Познатиот рокер вели дека Ленон еден ден само дошол и кажал дека заминува од групата.
-Не го покренав јас растурањето. Тоа беше Џони, вели Макартни.
Фановите на бендот долго време расправаа за одговорноста, а многумина го обвинуваа токму Макартни.
Меѓутоа рокерот вели дека желбата на Ленон за слобода била главна причина за распадот на легендарниот бенд.