Поранешниот свршеник на Јелена Розга, Стјепан Хаусер овие денови на својот Јутјуб канал објави видео на кое тој и неговата девојка, Италијанката Бенедетте Карета ја препеваат легендарната песна од филмот Титаник.
Убавата Италијанка е позната по тоа што во видеата со Стјепан објавува само дел од своето лице, па така и овој пат 33 годишната пејачка седи во неговиот скут и синхронизирано ја изведуваат баладата која наежи многумина нивни фанови.
Инаку парот стана познат по овие изведби откако претходно објави видео со преработка на песната „Сенорита“, а истата има милионски прегледи.