понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Постхумно признание: Павароти добива ѕвезда на Булеварот на славните

Постхумно признание: Павароти добива ѕвезда на Булеварот на славните

Познатиот италијански тенор Лучијано Павароти, кој почина во 2007 година, на 24-ти август ќе добие постхумнo ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.

Кристина Павароти, една од трите ќерки на пејачот од првиот брак, ќе присуствува во име на семејството.

Инаку, ѕвездата на Павароти ќе биде 2.730 ѕвездa на Булеварот на славните.

Како говорник на овој настан e поканет американскиот диригент Џејмс Конлон.

Лучијано Павароти е роден во 1935 година. Тој е еден од најголемите оперски пејачи на 20 век и има настапувано низ целиот свет. Пееше и во склоп на составот „Три тенори“ во која беа Пласидо Доминго и Хозе Карерас, пишува ХИНА.