Дани Димитровска и Никола Мицевски продолжуваат со циклусот обработки на традиционални песни во питом џез призвук.
Аранжманот и обработката на народната песна „Дејгиди луди млади години“ е визија на Никола Мицевски, кој во соработка со Дани Димитровска продолжуваат со возобновување на старите македонски песни, носејќи ги во нов, приемчив, уникатен звук.
Eтно-џез проектот е состав содржан од докажани уметници кои успешно го враќаат автентичното, пласирајќи се на еден ненаметлив, лежерен начин, истакнувајќи ја круцијалната суштина за одговор на големото зошто се одлучиле за еден ваков засебен проект тотално различен од своите авторски делувања.
Полина Тасева и Агни Авшар се дел од вокалниот, а Иван Бејков, Дино Милосавлевиќ, Владимир Крстев, Петар Христов се дел од инструменталниот дел од составот. Никола Мицевски е пијанистот одговорен за аранжманот на песните. Убавината на овој проект е токму во соработката меѓу музичарите на едно поинакво ниво. Гостуваат и други наши врвни музичари.
Како заокружување на овој проект тандемот Дани и Николче најавуваат концерт во МОБ со 90 минутен репертоар.