петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Ријана објави нова песна по речиси седум години

Ријана објави нова песна по речиси седум години

Речиси седум години по нејзиниот последен албум „Anti“ и повеќе од пет откако беше редовно име на поп-листите, Ријана конечно ја претстави новата песна.

Песната „Lift Me Up“ е најавена како почит на починатиот актер Чедвик Боузман, кој ја играше главната улога во првиот дел од филмот „Black Panther“ пред да умре од рак во 2020 година.

Автори на песната се Темс (една од најголемите поп-ѕвезди што се појавија во Африка во последниве години), Лудвиг Горансон (продуцент и композитор кој освои Оскар за неговата прва музика за „Black Panther“), Рајан Куглер (кој ги режираше двата филма „Black Panther“ ) и Ријана.

Првиот дел од филмот „Black Panther“ од 2018 година беше доста значаен и по саундтракот, компилација со многу ѕвезди. Продолжението, „Black Panther: Wakanda Forever“, исто така добива големо музичко засилување, предводено од „Lift Me Up“, новиот сингл на Ријана објавен денеска.

Минатиот месец беше откриено дека Ријана ќе биде ѕвезда на шоуто на полувремето на Супербоул, што предизвика шпекулации за нова музика и потенцијална турнеја во 2023 година.

Артистите често го користат настапот на полувремето како еден вид реклама за претстојните концерти.

Пејачката го издаде својот последен албум „Anti “ во 2016 година, по што реши да се одмори од снимањето песни и се посвети на работата на колекцијата за шминка и долна облека.