четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Рита Ора ќе настапи на Изборот на песна за Евровизија

Рита Ора ќе настапи на Изборот на песна за Евровизија

Пејачката Рита Ора ќе настапи за време на ревијалниот дел на првото полуфинале на годинашното издание на Изборот на песна за Евровизија.

Имено, првото полуфинале на Евровизија ќе го отвори водителката Јулија Санина, изведувајќи дел од песната „Maâk“ на нејзината музичка група „Хардкис“. Истата вечер, Рита Ора ќе изведе микс од нејзините најголеми музички хитови, но и премиерно ќе ја изведе нејзината нова песна „Praising You“.

Исто така, и украинската пејачка Аљоша, која ја претставуваше Украина на Евровизија во 2010 година, ќе има свој настап со британската музичарка Ребека Фергусон.

За време на второто полуфинале ќе настапи и украинската пејачка Марија Јаремчук, заедно со раперот OTOY и 14-годишната украинска претставничка на минатогодишната Детска Евровизија, Злата Џиунка.

Наскоро ќе бидат објавени и имињата на музичките ѕвезди кои ќе настапат за време на големото финале на Евровизија.

Како потсетување, годинашното издание на Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај, во Ливерпул, Велика Британија.