Русија нема да учествува на годинашната Евровизија во Торино откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја исфрли од натпреварувањето како резултат на воената инвазија во Украина. Ова следува само ден откако ЕБУ кажа дека Русија сигурно ќе учествува, опишувајќи ја Евровизија како неполитички културен настан.
„Ние остануваме посветени на заштитата на вредностите на ова културно натпреварување кое промовира меѓународна размена и разбирање“, се вели во соопштението на ЕБУ.
Украинската државна радиодифузија „УА:ПБЦ“ претходно побара Русија да биде суспендирана. Оттаму кажаа дека руската радиодифузија, која го организира тамошниот избор, е гласник на Кремљ и клучна алатка на политичката пропаганда. И Финска најави дека ќе се повлече ако ѝ се дозволи на Русија да учествува.