среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Сања Барби ја објави песната „Срце Балканско“: Ваков спот немало досега кај нас! (ВИДЕО)

Сања Барби ја објави песната „Срце Балканско“: Ваков спот немало досега кај нас! (ВИДЕО)

Познатата фолк-пејачка Сања Цинцева или позната како Барби вчера на социјалните мрежи ја објави нејзината најнова песна со наслов „Срце Балканско“.

Барби, која важи за една од нашите најпознати музички имиња на фолк-сцената, со овој нејзин најнов музички проект објасни како треба да звучи, но и да изгледа новосоздадениот македонски фолк.

Покрај одличната песна, Барби со својот тим од соработници се потруди да сними и доста интересен видеоспот, во кој покрај неа и згодните танчерки, се појавуваат и триесетина дечиња кои танцуваа на ритамот на „Срце Балканско“.

„Јас сум презадоволна од целиот проект. Можеби еден од најдобрите за мене досега. Одбрав одлична екипа за да го сработиме ова и крајниот производ мислам дека ќе и се допадне на публиката. Едноставно уживав и во процесот на снимање на песната во студио, а уште повеќе и за време на снимањето на спотот. Мислам дека ваков спот досега немало кај нас и поради тоа сум пресреќна“ – вели Цинцева.

Како автор на музиката се потпишува Бернат Демирали, текстот е дело на Орце Зафировски, а за трубата во песната беше задолжен познатиот Енис Папазов. Довербата да го сними видеоспотот, Барби му ја довери на режисерот Зати, со кого таа има соработувано и во минатото.

Инаку оваа нова песна на Сања е само најава за тоа што допрва следува, таа ветува нова музика, нови проекти во иднина, а во меѓувреме ја очекува и доста напорно лето, со оглед на тоа дека таа важи за една од нашите најбарани фолк-пејачки.

Да не должиме многу, слушнете и погледнете го спотот за нејзината нова песна – „Срце Балканско“.