Светот се уште е во шок откако во петокот со брзина на светлината се прошири веста за смртта на еден од најславните ДиЏеи во поновото време.
По смртта на Авичи над неговото тело биле направени две обдукции, а шведската телевизија SVT дојде до ексклузивните резултати од истите.
Имено анонимен полицаец за телевизијата изјавил дека на резултатите немало нешто сомнително и се исклучува можноста за можно убиство.
SVТ додава дека телото на ДиЏејот е подготвено да се транспортира и да биде вратено во родната земја на пејачот, Шведска.