Марко Маринковиќ попознат како Слаткаристика, има нова песна. Музички ништо поразлична од она што и досега го туркал како свој стил, стиховно исто така, со една мала разлика… Овој пат „вулгарноста во лириката“ кај Слаткар е прилично експлицитна.
Не дека и порано не знаел да поттури по некој безобразен збор или фраза во своите стихови, ама овој пат по се’ изгледа Слаткар ја претера.
Уште самиот наслов – „Безобразна си ти“ наговестува какви стихови можете да очекувате уште на прво слушање. Колку и да сакал „уметнички да ја долови атмосфератата“ употребувајќи уличен жаргон, кога некому „не му чуе“ за тебе и твоите емоции и чувства кон него, уличниот жаргон на „поетот“ овој пат звучи прилично „уличарски“!
Вулгарно и непримерено за песна и изведувач кој го слушаат помладите генерации е да употребува експлицитни зборови во кои се споменуваат женски гениталии…
Колку целта и да била намерно „безобразно да звучи“, „поетот“ морал да води сметка за границите на пристојноста во изразувањето на емоциите. Не дека „децата“ не знаат, ама не е во ред од ниту еден аспект така да се „стимулираат“!
Конечно, кога сопствената жена ќе те искритикува на социјалните мрежи, па јавно „ќе ти го плесне“ в лице: „Бога ми и ти си безобразен“, мораш да сфатиш дека си „поразен“, оти си ја претерал… Освена ако не си до таа мерка вообразен и самобендисан, ниедна критика да не те допира, па навистина „баш те боли за вас, за сите нас…“!
Велат било диктатура кога „поетот“ во својот слободен поетски израз треба да поодлежи на цензура, што е точно… Но, кога тој онака сочно во својата песна експлицитно се расфрла со гениталии и вулгарности, неговите стиховни баналности наместо поетски романтизам, добиваат карактеристика на бестиален примитивизам, попознат како шунд!